Skip to Content

Европски Фондови


Добредојдовте на информативниот сајт за Европските фондови!

Европски фондови е информативен сајт кој што им овозможува на граѓаните на Република Македонија да се запознаат со претпристапните фондови на ЕУ. На овој сајт може да се најдат многу корисни информации за активностите, опфатот и можностите на европските фондови насочени кон финансирање на земјоделството, прехрамбената индустрија и руралните региони.

Во текот на претпристапниот период 2007-2013 Македонија има можност да користи финансиска помош од ЕУ за одршлив економски развој и стабилност преку европскиот Инструмент за  претпристпна помош (ИПА). Основниот дел од средствата е насочен кон приватниот сектор со средства од 5-тата ИПА компонента за рурален развој – ИПАРД (2007-2013) и нејзините мерки:

 

ПРИОРИТET 1: ПОДОБРУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТA И ВОВЕДУВАЊЕ НА СТАНДАРДИТЕ НА ЕУ

Мерка 101 Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија.

Мерка 103 Инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија.

 

ПРИОРИТЕТ 3: РАЗВОЈ НА РУРАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Мерка 302 Инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности.

 

Подетални информации за конкретната област, како и можности за аплицирање за програмскиот период 2007-2013 се наоѓаат во одделните делови на овој сајт. Ако имате конкретни прашања поврзани со финансирање истото може да го направите во делот Постави прашање. Во најкраток можен рок ќе добиете повратна информација во форма на полезен совет или информација корисна со Вашиот проект.